Мицкоски го чека Заев во среда во 20 часот на МРТВ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски, кој го покани претседателот на СДСМ и воедно претседател на Владата, Зоран Заев, на ТВ дуел за отворено да зборуваат за името на нашата држава му предлага да се сретнат следната недела, во среда во 20.00 часот на јавниот државен сервис Македонска телевизија

„Без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се оддржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство. Така и ќе продолжам во иднина, затоа што вистината нема цена, а граѓаните заслужуваат многу подобро!“, повика Мицкоски на Фејсбук откако од Владата одговорија позитивно на поканата, а како единствен проблем го наведоа прецизирањето на терминот