МНР со реакција за грешката со јазикот на самитот во Софија

МНР испрати и официјална реакција на надлежните служби во ЕУ заради погрешното именување на нашиот јазик на веб страната на Унијата од Самитот на ЕУ – Западен Балкан што се одржа во Софија. Во графата за јазици намето македонски јазик стои јазик на Поранешната југословенска република Макеоднија.

Би сакале да ве информираме дека Министерството за надворешни работи, преку Постојаната Мисија на Република Македонија во ЕУ, испрати официјална реакција до надлежните служби во Унијата, а во врска со погрешното именување на нашиот јазик на веб страницата на ЕУ. И во претходни вакви или слични случаи, како и сега, Министерството за надворешни работи на Република Македонија редовно упатува реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски. Оваа пракса е резултат на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Грција, стои во соопштението од МНР.