Ердоган намалува даноци, простува долгови, дели бонуси

Бидејќи половина од Турците се жалат на лошата економска состојба во земјата, а се приближуваат парламентарните и претседателски избори, турската влада одлучи да им излезе во пресврт на своите граѓани, пренесува Блумберг.

Од чекови во вредност од 250 долари за пензионерите преку простување на долговите до даночни олеснувања, Владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дели се што е неопходно за да се обезбеди победа на изборите што легализирала 13 милиони бесправно изградени куќи и други објекти, а простила и 43 милијарди американски долари долг од 15 милиони даночни обврзници, што е околу 20 проценти од населението, а на пензионерите им поделил парични бонуси. Покрај тоа, три банки во државна сопственост ги намалиле хипотеките, а Владата, исто така, најави намалување на даноците за гориво.

Владејачката партија се одлучила на овие потези бидејќи истражувањата покажале дека околу половина од турските граѓани во економијата го гледаат најголемиот турски проблем, а само една година порано тоа го сметале само 12 отсто од Турците. Ова во голема мера се должи на високата инфлација, поради што дневните потреби станале поскапи.