Битолчанец сакал да силува девојче, негова роднина

Полицијата привела битолчанец, кој е осомничен дека се обидел да силува малолетничка, информираше МВР.

Случајот во полицијата вчера вечерта го пријавила 15-годишно девојче од Битола во присуство на нејзината мајка. Според неа, Ѓ.Б. (46) од Битола, нивен подалечен роднина се обидел да изврши други полови дејствија врз неа.

Околу 14.30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал малолетничката да појде со него да и купи тренерки. Тргнале со такси возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат.

Возило кое поминувало застанало и го однело девојчето во нејзиниот дом, по што го пријавила настанот. Во 22.00 часот Ѓ.Б. бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.