По шести пат на Водно се одржа „Прв до врв”

Шестото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, Прв до врв 2018 се одржа на скопско Водно во организација на Град Скопје и Здружението за спорт и рекреација и со поддршка на деловната и општествената заедница.

И оваа година се одржаа трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, а по завршувањето на трките се одржа музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Оваа година на трките учествуваа над 2.000 натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.