Проширен паркингот на Жан Жорес во Хиподром

Општина Гази Баба по барање на граѓаните, го прошири паркингот на улица  Жан Жорес во населба Хиподром, поради подобар пристап на возила за итни случаи и возила на комунална хигиена при вршење на нивната работа.

Локалната власт за оваа инвестиција одвои околу 250.000 денари од својот буџет, а работите ги изведе фирмата „Карпош“, од Скопје.