
Неколку маскирани напаѓачи започнаа пукотници со калашников во Марсеј, на југот од Франција, околу 17 часот. Според првичните информации, едно лице е повредено.
Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе кои се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми. Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.
Медиумите наведуваат дека станува збор за тројца напаѓачи.