Девет торбички со подароци кои гостите на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл ги добија за спомен се најдоа на интернет аукција на сајтот И-беј.
Некои веќе надминаа цена од 1.000 фунти (1.200 евра), пренесе Би-Би-Си.
Сите повикани гости на венчавката во замокот Виндзор, кои останаа надвор од капелата, добија подароци. Вкупно поделени се 2.640.
Меѓу подароците и сувенирите кои ги имаше во торбичката беа шишенце вода, чоколадна паричка, магнет за фрижидер, беџ и ваучер за продавницата со подароци во замокот Виндзор.
Меѓутоа, 600 гости кои присуствуваа на церемонијата во капелата, меѓу кои беа и познати личности како Дејвид и Викторија Бекам, Опра Винфри, Џорџ и Амал Клуни, не добија вакви торбички.