Генералниот секретар на ОН, Бан Kи Мун изјави денеска дека испраќањето на мировни сили на ОН во Украина не е можно без одлука на Советот на безбедност на ОН.
„Без јасен мандат и дозвола од Советот за безбедност на ОН, не можеме да преземеме било каква акција,“ изјави Бан во интервју за мексичкиот весник „Реформа“.
Вршителот на должност претседател на Украина, Александар Турчинов во понеделникот во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН ги повика Обединетите нации на „антитерористичка операција“ на украинската војска на истокот на земјата.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека идејата Киев да ги повика мировните сили на ОН да учествуваат во незаконска акција во Украина е апсолутно безмислена, потсетува „Гласот на Русија“.