„Шкендија“ го освои Купот на Македонија

„Шкендија“ во Струмица го победи „Пелистер“ во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија и ја освои двојната круна.

Тетовци го совладаа „Пелистер“ со 3:0 за втор триумф во натпреварувањето, за одмазда за ланскиот пораз на пенали од битолчани. Најдобар на теренот на стадионот „Младост“ беше Висар Муслиу кој постигна голови во 20. минута и во 72. минута. Во 52. минута на листата на стрелци се впиша и Бесарт Ибраими.

За „Шкендија“ ова беше петто Куп финале како и за „Пелистер“ и втора титула. Премиерната ја освоија во сезоната 2015/16 по победата над „Работнички“ со 2:0 по претходните порази од „Македонија Ѓорче Петров“ со 2:3 (сезона 2005/06), од „Тетекс“ на пенали 5:6 и на идентичен начин во минатата сезона од битолчани со 3:4. Петто финале одиграа и пелистерци кои остануваат на двата трофеја освоени против „Слога Југомагнат“ со 2:1 (сезона 2000/01) и против „Шкендија“ лани.