Словенечкиот парламент во четвртокот на една од своите последни седници пред парламентарните избори коишто ќе се одржат на 3-ти јуни со 41 глас „за“ и еден „против“ го потврди извештајот на парламентарната истражна комисија којашто се занимаваше со неправилности во словенечкиот банкарски систем и поедини случаи на перење пари.
Во лани откриениот скандал, кога тајни документи потврдија дека британскиот државјанин од иранско потекло Ирај Фарохзаден во 2008 година со помали трансакции преко Нова љубљанска банка (НЛБ), а во време кога Иран и неговите банки биле под меѓународни санкции, наводно „испрал“ речиси милијарда евра, политичката одговорност ѝ е припишана на владата којашто од 2008 до 2011 година ја водеше Борут Пахор, актуелен шеф на државата.
Покрај него, политичката одговорност за тоа што на случајот на вистински начин не реагирале државните институции и безбедносните органи, припишана е и на тогашниот министри на Пахор за финанси Франц Крижаниќ и за надворешни работи актуелен европски министер во Скопје, Самуел Жбогар, како и на поранешниот гувернер на словенечката централна банка, Марк Крањц.
Пахор се појави и како сведок на едно од испрашувањата пред истражната комисија и го отфрли тврдењата за својата одговорност. Рече дека ниту го прочитал извештајот на тајните служби кои ги следеле сомнителните операции од Иран, и поради тоа што се занимавал со одговорни државни работи, а извештаите од разузнавањето им го препуштал на своите квалификувани за тоа советници.