Бугарскиот премиерот Бојко Борисов го покани папата Франциск да ја посети Бугарија, за време на средбата што двајцата ја остварија денеска во Ватикан, пишува БГНЕС.
„Нашиот придонес е голем во сферата на пишувањето. Можеме да се гордееме со она што го направиле светите браќа Кирил и Методиј, а потоа и нивните ученици“, изјави Борисов.
Борисов и Папата разговарале и за Балканот, пришто бугарскиот премиер добил впечаток дека Светата Столица е одлично запознаена со состојбите.
БГНЕС пренесува дека Борисов по средбата истакнал дека го поканил Папата да ја посети Бугарија, пришто од Ватикан одговориле оти размислуваат да ги посетат Бугарија и Романија в година, но навестиле и дека дополнително ќе проценат дали освен Бугарија и Романија, уште една земја од Западен Балкан ќе биде вклучена во посетата.
Денеска и македонскиот премиер Зоран Заев се стретна со Папата и го покани да ја посети Македонија.