
Англискиот фудбалски великан Ливерпул ќе го игра осмото финале во Лигата на шампионите, заедно со поранешниот Куп на шампионите, а прво по 2007 година, додека шпанскиот гигант Реал Мадрид трета година последователно ќе се појави во големото финале, вкупно 16-то во најелитното континентално натпреварување.
Во досегашните седум финални дуели, Ливерпул славеше пет пати, додека двапати беше поразен.
Првото финале го одигра во 1977 година кога ја совлада Борусија Менхенгладбах со 3:1. Следната сезона ја одбранија титулата со победата над Клуб Бриж со 1:0. Новото финале „редси“ го играа во 1981 година против Реал Мадрид кога славеа со 1:0, а во 1984 година беа подобри против Рома по подоброто изведување на пеналите. Следната година Ливерпул беше првпат поразен во финалните мечеви, во Брисел подобар со 1:0 беше Јувентус. Ливерпул титулата, воедно и последен пат досега, ја освои по изведувањето на удари од белата точка во 2005 година во Истанбул во веројатно едно од највозбудливите финални дуели и откако Милан водеше со 0:3, а „редсите“ израмнија на 3:3. Две години подоцна истите ривали се сретнаа во Атина, а подобри беше Милан со 2:1.
Досега пред Реал Мадрид клуб кој играл три последователни финални дуел во Лигата/Купот на шампионите, е Јувентус кому тоа му успеа во 1996, 1997 и 1998 година. Меѓутоа, торинската „Стара дама“ доби само еден од тие три финални дуели. Јуве во 1996 го победи Ајакс, а потоа загуби во 1997 од Борусија Дортмунд и во 1998 година од Реал Мадрид. Три финалиња во низа играше и Милан од 1993 до 1995 година, и како и Јувентус доби само едно, а загуби две.
Последен кој добил три финални дуели во серија е Баерн Минхен кому тоа му успеа во периодот од 1994 до 1996 година. Баварците во 1974 година го победија шпански Атлетико Мадрид, следната година англиски Лидс Јунајтед а потоа и француски Сент Етјен.
Три финални средни во низа и три победи има Ајакс од 1971 до 1973 година. Три финалиња во низа има и Бенфика од 1961 до 1963, од кои ги доби првите два против шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, а го загуби третото од Милан.
Реал Мадрид, пак, има пет финални дуели во низа во тогашниот Куп на шампионите, од 1956 до 1960 година и сите пет ги доби. Во досегашните 15 финални натпревари во Купот и Лигата на шампионите „кралевите“ забележаа 12 победи, а само три мечеви загубиле. Подобри од Реал беа Бенфика во 1962 година со 5:3, Интер во 1964 со 3:1 и Ливерпул во 1981 година со 1:0
1956. Реал Мадрид – Стад де Ремс 4-3 (Париз)
1957. Реал Мадрид – Фиорентина 2-0 (Мадрид)
1958. Реал Мадрид – Милан 3-2 прод. (Брисел)
1959. Реал Мадрид – Стад де Ремс 2-0 (Штутгарт)
1960 Реал Мадрид – Ајнтрахт Франкфурт 7-3 (Глазгов)
1962. Бенфика – Реал Мадрид 5-3 (Амстердам)
1964 Интер – Реал Мадрид 3-1 (Виена)
1966. Реал Мадрид – Партизан 2-1 (Брисел)
1981 Ливерпул – Реал Мадрид 1-0 (Париз)
Реал Мадрид – Јувентус 1-0 (Амстердам)
2000 Реал Мадрид – Валенсија 3-0 (Сен Дени)
2002 Реал Мадрид – Баер Леверкузен 2-1 (Глазгов)
2014 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 4-1, прод. (Лисабон)
2016. Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 5-3, пен., 1-1 (Милан)
2017. Реал Мадрид – Јувентус 4-1 (Кардиф).