Тешко поведена жена во сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров

Возрасна жена е тешко повредена и хоспитализирана на Кличничкиот центар, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи за сообраќајната несреќа која вчера се случи во Ѓорче Петров, кај пазарот.

Од полицијата информираат дека околу 11.10 часот на крстосницата од булевар „Партизански одреди“ со улицата  „Радушка“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Ф.С (46) од скоспкото село Глумово удрило во пешакот 67-годишната Н.А од селото Волково.

Од ударот Н.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По укажаната помош таа била задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.