Потрес во околината на Кичево

По серијата потреси од изминатата ноќ кон саботата во околината на Охрид, вечерва регистриан е помал земјотрес и во околината на Кичево.

Според Еврспскот медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 2,5 степени и на длабочина од 5 километри, а епицентарот е на 13 километри јужно од село Вранештица.

Синоќа, пак, малку посилни потреси почувствуваа жителите на Охрид. Сеизмолозите појаснуваат дека станува знор за слаби активности и оти нема потреба за загриженост.