2.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2024

(ФОТО) Дива депонија никна покрај центарот за деца со церебрална парализа во Центар

Загрижени граѓани до редакцијата на порталот КУРИР испратиле фотографии направени на територијата на Општина Центар кои се повеќе од загрижувачки.

Станува збор за голем куп смет кој веќе почнува да наликува на мини депонија која се наоѓа пред центарот за деца со церебрална парализа, а истата улица води и кон рехабилитациониот центар.

Според загрижените граѓани ваквата лоша состојба е подолг период, а од фотографиите може да се забележи дека ѓубрето не е собрано веќе подолг временски период.

Инаку за сметот е задолжена општината Центар како и градоначалникот Саша Богдановиќ кој откако е дојден на позицијата градоначалник не мрдна со прст за центарци, обвинуваат тие.