„Кралот“ незапирлив за победа против „Бостон“

Кошаркарите на „Кливленд“ славеа на гостувањето во Бостон против „Селтикс“ со 87:79 (26:18, 17:21, 13:20, 23:28) во решавачкиот, седми натпревар од финалето на доигрувањето на Источната конференција и се пласираа во големото финале на НБА лигата, четврта сезона по ред.

„Кавалирс“ до триумфот стигна благодарение на Леброн Џејмс со 35 поени, 15 скокови и 9 асистенции, кој ги одигра играјќи ги сите 48 минути. За разлика од претходните мечеви на „Кливленд“ во Бостон, ноќеска гостите одиграа тимски и поцврсто во одбраната што се покажа клучно за триуфот.

Иако натпреварот почна со соло партија на Џејмс, во која „Бостон“ почна да прави предност, но во продолжението „кралот“ доби подршка од останатите соиграчи. По првата четвртина која ја доби „Бостон“ гостите ги освоија останатите три, иако домаќините отидоа со предност од 4 поени на полувреме.

„Бостон“ во тој период имаше двоцифрена предност, но „Кливленд“ со мини серии се доближуваше до противникот. Најголема подршка Џејмс доби од Џеф Грин со 19 поени и осум скока. „Кливленд“ и овој натпревар го одиграа без крилниот центар Кевин Лав, кој доби потрес на мозокот на претходниот натпревар. Натпреварот беше решен во втората половина која „Кливленд“ направи разлика од 12 поени, по која домаќините не усепаја да се вратат.

https://youtu.be/qdhtfwrRAkM

За „Бостон“ ова беше прв пораз на домашен терен во плеј-офот по девет добиени оваа сезона, пред се поради очаен шут за тројка од 7/39, иако ниту „Кливленд“ не беше многу поуспешен во текот на натпреварот, но во последната четвртина постигнаа неколку тројки.
Најдобри кај „Селтикс“ беа дебитантот Џејсон Тејтум со 24 коша и седум скока, Ал Хорфорд со 17 поени и четири скока, а Маркус Моррис заврши со 14 поени и 12 скокови.
За првпат во историјата на „Бостон“ тие изгубија серија од плејофот во која водеа со 2:0.

Џејмс и на овој натпревар испиша историја откако овој натпревар му беше шести во „мајсторките“ на кои постигнал 30 или повеќе кошеви.