Мисија невозможна – да се замагли „нон- пејперот“

Најавената офанзива во Брисел на шефот на македонската допломатијата Никола Димитров, според се судејќи, ќе биде обид со којшто ќе треба да се убедат земјите кои во „нон-пејпер“ иразуваат големи и сериозни дилеми и сомнежи за наводниот напредокот на Македонија, а особено за нејзиниот капацитет да ги исполни условите за почнување на пристапните преговори со Европската унија.

Димитров е принуден да ги разубедува европјаните за нотираното во споменатиот неформален документ на неколку влијателни земји членки, во прв ред Франција и Холандија (а уште тука се се и Белгија, Данска и Луксембург) којашто патем е и своевиден покровител на Македонија во приближувањето кон ЕУ, мора да биде пренабрегнат. А да потсетиме, шесте земји препорачуваат блокирање на пристапниот процес за Македонија констатирајќи дека во земјава не се спроведуваат реформи, јавната администрација дополнително се политизира а државата нема капацитет да се справи со криминалот и корупцијата.

И тоа не претставува само „студен туш“ или, пак, „шлаканица отрезнување“, туку просто нотирање на состојбата дека и покрај позитивната препорака од Европската комисија беше недвосмислено посочено, како впрочем и во сите досегашни извештаи, што треба да се реформира во земјата, доколку некоја власт сака, а како што убедува актуелната, да се постигне реален напредок во евроинтеграциите.

Европските земји нотираат распространета корупција, во документот се вели дека таа е сеприсутна и постојат сериозни политички пречки во нејзиното справување, што недвосмислено имплицира на односот на сегашната Влада кон овој проблем. Очигледно, борбата против корупцијата и организираниот криминал не даде доволно резултати: и покрај воспоставената законска и институционална рамка, корупцијата и натаму е распространета во многу области и ќе биде сериозен проблем, додека капацитетот на институциите за ефикасно справување со корупцијата покажаа структурни и оперативни недостатоци меѓу кои се политичките пречки. Патем кажано, уште нема епилог од случајот кога Заев самиот обелодени пред седум дека двајца членови на неговата Влада се посочени за корупција. Ниту обвинителството, ниту владата, ниту премиерот не открија за каков коруптивен скандал се работи, ниту кои се функционерите за кои граѓаните се жалеле.

Дополнително во последниот извештај на Транпаренси интернешенл, Република Македонија беше рангирана за 17 места полошо на индексот на корупција во споредба со претходната година, што речиси во целост кореспондира со владеењето на Зоран Заев и СДСМ. Покрај тоа, и омбдусманот Иџет Мемети во интервју за РСЕ истакна дека иако било абележано дека по доаѓањето на новата влада опаднал бројот на поплаки на граѓаните, поради нивната перепција оти нивните очекувања ќе можат на поинаков начин ќе може да ги реализираат нивните права, сепак, веќе од крајот на минатата 2017 година почнало  тој број на граѓани поворно да се зголемува, а и оваа година тој тренд продолжува да расте, односно граѓаните да бараат заштита од институцијата Народен правобранител.

Може да се претпостави дека Владата ќе го бара оправдувањето во појавата на споменатиот „нон-пејпер“ во нотацијата којашто се однесува на процесот на реформирње на самата ЕУ кој минува низ „доста чувствителна фаза“, со толкување дека тоа е главната причина за тонот содржан во овој документ. Во толкувањето дека нон-пејперот не донел ништо ново и ништо досега непознато, скршнувајќи го вминанието на јавноста кон Копенхашки или некои други критериуми кои се однесуваат на самата ЕУ.

Меѓутоа, ваквиот одбид за замаглување на суштината на забелешката многу јасно го разобличува констатацијата и воедно препорака до Советот на Европа дека „ ја зема предвид препораката на Комисијата да ги отвори пристапните преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија и повторува дека мора да се обезбеди суштински напредок во имплементацијата на Итните реформски приоритети, пред да бидат отворени пристапните преговори“, при што се апелира дека Советот ќе се наврати на Македонија „врз основа на нов извештај од страна на Комисијата, откако ќе биде постигнат задоволителен напредок“.