
Скоро четири часа по падот на хеликоптерот на подрачјето на општина Братунац се уште не е јасно за чие летало станува збор.
Според тамошните медиуми, несреќата се случила околу 12:30 и хеликоптерот се срушил во непристапна област.
„Дневни аваз“ пишува дека се шпекулира оти станува збор за цивилен хеликоптер кој паднал на минираното подрачје во Конјевич-Поле.
Од Министерството за надворешни работи на Република Српска соопштија дека добиле дојава за пад на хеликоптер и оти информациите се проверуваат.
На лице место упатени се припадници на полицијата, итната помош и пожарникари.
Не е познато ни колку лица имало во хеликоптерот.
РТРС наведува дека хеликоптерот се срушил на 20 километри од Браунца.
Она што засега е сигурно е дека хеликоптерот не е на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, ниту на Хеликоптерскиот сервис РС, како и вооружените сили на БиХ и Еуфор, бидејќи нивните хеликоптери се на број во базите.