Макрон го поддржа Матарела

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека шефот на италијанската држава Серџо Матарела, кој го одби предлогот на коалициските партии за владата, одигра клучна демократска улога и оцени дека Италија е потребна за европските проекти.

– Сакам да ги изразам моите поздрави и поддршка за претседателот Матарела, кој има важна задача, за институционалната и демократската стабилност на неговата земја, што ја извршува со многу храброст и во духот на големи одговорности, истакна Макрон.

Матарела му даде мандат за состав на нова влада на Карло Котарели, кој обврската, како што е соопштено, „ја прифати со резерва“.

Италијанскиот претседател претходно одби да го прифати евроскептикот Паоло Савони за министер за економија, поради што популистичкиот мандатар Џузепе Конте го врати мандатот.

МИА