Во петок избор на нова Влада

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе се одржи во петок на 1 јуни. На дневен ред ќе бидат избор на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е избор на заменици министри.

Изборот на нови членови на Владата се поклопува со годишнината од формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

За нови министри се предложени Рената Дескоска за правда, Арбр Адеми за образование, Асаф Адеми за култура и Бардил Даути без ресор. За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.

Деталите за одржувањето на седницата беа дефинирани на вчерашната редовна понеделничка средба Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, за четврток во Собранието веќе е закажана седница за пратенички прашања.

А пратеникот на СДСМ, Петар Атанасов не може да стане заменик минситер за образование бидејќи се уште нема Државна изборна комисија, пишува СДК. Со оглед на тоа дека таа е дела од измените на избориниот законик кој политичкиоте партии се уште ги пеглаат, тој можеби нема да може да влезе на Илинденска до средина на летото.