
Професионален војник бил ранет при изведување на воена вежба, вчера на полигон во близина на Неготино, информираше МВР.
Според полицијата, околу 12.10 часот од страна на Воена полиција при Министерството за одбрана во ПС Негоно било пријавено дека истиот ден околу 12 часот при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.
Тој со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници на Воената полиција.