Секој напад врз новинарите ќе биде санкциониран, рече во вторникот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред новинарите додавајќи дека дејствувањето за сите дванаесет пријавени напади врз новинари од изминатите дванаесет месеци, покажува дека нема да се продолжи практиката од минатото, односно застарени петнаесет случаи за напад врз новинари.
Според Поповски, ветената правда за новинарите од Денот на печатот е исполнета, а долгогодишните притисоци, уцени и закани кон нив ќе станат само минато.
Во периодот од јуни 2017 до денеска, пет пријави за напад се во Охрид, четири во Скопје, два во Велес и еден во Штип. Во кривичните пријави е вклучено физичко насилство, говор на омраза и загрозување на безбедноста во вид на закани.
Спасовски рече дека министерството не може да преземе дисциплински постапки против полициски службеници кои направиле каков и да е прекршок во постапувањето во врска со нападите врз новинарите, затоа што рацете„ ни се врзани“., изјави денеска министерот за внатрешни работи (МВР) Оливер Спасовски
„Немаме законска основа да постапиме за секој еден што во тој момент направил некаков пропуст во извршувањето во случаи на напад на новинари а тоа дури денеска го констатираме и откриваме затоа што секој од нив се повикува на застареност. Ако настанот се случил во 2011на пример, според законите дисциплинската постапка има објективен и субјективен рок од еден месец до една година. Тоа значи дека од сторениот дисциплински прекршок во вршењето на службата една година од сега на назад ние не можеме да водиме дисциплинска постапка. Тука не спречува законот. Доколку има било какви елементи коишто ќе укажат на некакво кривично дело тоа внатрешната контрола си го процесуира до јавното обвинителство како известување“, рече Спасовски одговорајќи на новинарско прашање на прес конференцијата посветена на Извештајот за сработеното во ваквите случаи.
Вети дека наскоро ќе излезе со податоци за неколку случаи во МВР во кои било пропуштено преземање на одредени дејствија и поради што настанало застареност за покренување на каква и да е постапка.
„Најголем проблем претставува тоа што во одредени предмети пропуштени се дејствија и постапки кои што би требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати. Исто така, постојат согледувања дека во одредени предмети недостасуваат докази или елементи кои во рамки на истрагата би допринеле за откривање на сторителите“, рече министерот.
Спасовски не прецизираше и дали МВР поднело кривични пријави против полициски службеници а кои се сомничат дека се сторители на напади врз новинари, но рече дека сето тоа е наведено во извештајот што беше презентиран денеска. Апелираше до сите новинари и медиумски куќи но и до граѓаните се’ што имаат да не пријавуваат на социјалните медиуми туку во полициска станица затоа што, како што рече тој, тие разговори се снимаат а со тоа пријавата потоа си оди во соодветно предвидена постапка.