14.8 C
Skopje
четврток, ноември 28, 2024

Скандалозниот градоначалник, дипломат од доверба на Заев

 Андреј Жерновски човекот кој ја напушти матичната партија Либерално-демократската партија (ЛДП) чијшто претседател беше, управување со Општина Центар го замени со заменичкото место во Министерството за надворешни работи, и тоа како партиски кадар на СДСМ.

Баш ме интересира со што Жерновски го задолжи СДСМ? Што Жерновски направи за членовите на СДСМ-Центар. Вработи петмина од ЛДП од кои двајца на раководни функции, седуммина од СДСМ сите курири, заврши ли некому работа? Сослуша ли некого? Напротив, се однесуваше со толку потценување кон и за членовите на СДСМ- Центар. А да, имаше мерак за шетање по светот со општински пари, оцени Шиповиќ во јавноста.

Но, Жерновски не се прослави многу со водењето на општината. Него го следеа низа на скандали. Обвинувањата дека се вработуваат партиски кадри на СДСМ во општина Центар беа потврдени и од Државниот завод за ревизија каде се вели дека во негово време биле вработени од 35-44 луѓе, примени без никакви квалификации на работни места за никој не знае што работат што директно се кршат неколку закони.

Но, ова е само капка во морето од низата на скандали на Жерновски. Според јавно достапни документи Општина Центар од 2014 до 2016 година, преку договорите во рамковната спогодба и во четирите посебни постапки потрошила над 1,3 милиони евра за хортикултурно уредување што ова ја прави една од најголемите јавни набавки од ваков вид на ниво на цела држава. И тоа оваа сума е само дел. Овде не се пресметани помалите набавки за кои нема потреба од објавување на оглас. Она што е заедничко за сите овие договори е што тие иако се склучени со различни компании ти сепак не си конкурирале една со друга што упатува на сомнеж дека целата оваа работа е наместена.

Другиот огромен скандал кој директно се поврзува со Жерновски е фрапантана цена дадена за „Боемската Улица“ чија финална изработка изнесува 1,2 милиони евра што ја прави најскапата пешачка патека на ниво на Македонија. Пресметките се дека 2629 евра пари на граѓаните на Центар се потрошени по метар квадратен само за изградба на оваа улица.

Се поставува прашањето дали Жерновски има морален и било каков кредибилитет или пак квалификации за оваа одговорна позиција која за оваа власт и не е така важно.

Важно е да се одржи ред во коалицијата, сите да се задоволни од „корката леб“ и Заев да протурка привид дека ужива што поширока поддршка за трговијата со националните и државните интереси.

Сега Жерновски сега ќе може ги прошири „хоризонтите“ на шетање, онака како што тоа без знаење и извештај на советот го правеше во општина Центар, од каде го обвинуваа за туристички прошетки низ Истанбул и Париз на сметка на буџетот.