Јанушев со порака до СДСМ: Ако денот по утрото се познава треба да ги спакувате куферите и да заминете

Немаме потреба да се оградуваме од претходното раководство, секое раководство си има свој начин на раководење и менаџирање на работите. ВМРО-ДПМНЕ има нов претседател шест месеци, пет месеци нов Извршен комитет и ова раководство работи се што треба и може за граѓаните, рече Игор Јанушев, во гостувањето на телевизија АлсатМ одговарајќи на прашањето дали новото раководство ќе се огради од претходното.

Секоја партија, додаде Јанушев, сноси одговорност, исто така и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се осврна на судскиот процес и пресудата за поранешниот премиер Владо Бучковски кога тој  беше осуден во тој случај на три и пол години затвор, а сега по истиот основ има казна  затвор девет години.

Според него разликата е што возилата за кои сега е пресудата, се користат и во МВР и во СЈО.

Во случајот со Бучковски нека каже некој каде се деловите за тенковите, случај или набавка која тежеше многу повеќе, праша Јанушев.

Тој е категоричен „судството никогаш не било попартизирано од сега, премиерот ги кажува пресудите што е работа на судија“.

За тоа што направила владата за една година, за зголемување на цените, за повисоките акцизи за дизелот и слично, Јанушев посочи:

Една година на власт е една четвртина од мандатот. Ако денот по утрото се познава треба да ги спакувате куферите и да заминете, им порача на СДСМ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.