
Земјите од Европската унија би требало повторно да рамислуваат за слободата на движењето која работниците во моментов ја уживаат во рамките на блокот, изјави австрискиот вицеканцелар и челник на крајната десница Хајнц-Кристијан Страхе во вторникот.
Слободата на движењето на луѓето се смета за еден од основните принципи во Европската унија, заедно со слободата на движењата на добрата, услугите и стоките.
Челникот на Слободарска партија на Австрија (FPÖ), Хајнц-Кристијан Страхе предупредува дека заминувањето на работниците и високообразованите лица е лошо за источна Европа, а дека квалификуваните работници во Австрија остануваат без работа бидејќи нивните работни места ги заземаат поевтините работници од странство.
„Дали тоа е паметно правило и не би морале барем да размислиме за изнаоѓањето решенија за регулирањето на ова прашање во одредена мера и да ги подобриме работите во интересот на сите“, запраша Страхе во текот на дебатата во седиштето на Европската комисија во Виена.
Австриската коалициска влада којашто ја сочинуваат конзервативците од Народна партија на Австрија (ÖVP) и Слободарска партија на Австрија (FPÖ) јасно порача дека има намера да ја намали имиграцијата и така да ја направи земјата помалку атрактивна дестинација особено за источноевропските и балканските граѓани, како и за оние од другите континенти. Поради тоа во понеделникот беше објавено дека Австрија има намера да ги намали повластувањата за големите семејства и за странците.
„Ние мораме итно да донесеме мерки коишто нашиот социјален систем би го направиле поправедени и тоа така што повторно повеќе ќе биде исплатливо да се работи отколку да се прима помош, а во прв ред мораме да го запреме доселувањето во нашиот социјален систем“, изјави на прес-конференцијата во понеделникот по средбата на својот владин кабинет канцеларот Себастијан Курц.