Превртен камион на Плетвар – Брза помош не може да пренесе дете во Скопје

Поради превртен камион бетонерка на Плетвар има огромни колони на патот Прилеп – Росоман. Во место стои и возило на Брза помош од Битола, кое треба да превезе дете со внатрешно крварење во Скопје, јавува „Револуционер“.

Заглавен е и автомобил од Прилеп кој треба да превезе повреден прилепчанец на Клинички во Скопје.

Застојот на Плетвар трае три часа, а можно е да трае уште два часа, вели возач кој е заглавен во колоната.