
Иако Црна Гора не поседува свои борбени авиони, таа не треба да се грижи за својата безбедност од небо.
Од 5 јуни, воздушниот простор на оваа мала балканска земја, која минатата година стана членка на НАТО, ќе биде грижа на сојузничките авиони.
Бидејќи Црна Гора не поседува свои авиони, сојузничките авиони од 5 јуни ќе ја преземат грижата за нејзиниот воздушен простор, соопшти НАТО.
Во знак на солидарност, Италија и Грција, ќе помогнат во заштита на црногорскиот воздушен простор.
НАТО ,,Ер Полисинг“ авионите полетуваат кон воздушниот простор на секоја земја членка која во одреден момент се соочува со некој проблем или прекршување на нејзиниот воздушен простор.