Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла се борат преку билборди

На Фејсбук се објавени фотографии од постери кои се залепени низ Општина Аеродром, а кои гласно го искажуваат револтот на жителите против непланското урбанизирање на општината.

Граѓаните на последните локални избори, довербата му ја дадоа на кандидатот на СДСМ, Златко Марин во најголем дел токму поради неговите ветувања дека ќе ја запре градежната мафија во општината и урбанизирањето, со што на граѓаните ќе им овозможи чист воздух.

По победата на изборите, Марин ја промени приказната и неговите предизборни ветувања паднаа во вода, што веќе месеци наназад предизвикува голем револт кај граѓаните.

Групата на „Фејсбук“ , „Скопје смог аларм“ постираше фотографии од реакцијата на жителите на општината Аеродром кои не се задоволни од тоа како Марин се справува со нивните проблеми.