
Предвреме родено бебе кое на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е веќе сто дена ја добило животната битка, соопшти денеска од ГАК.
Родено со само 700 грама во средината на петтиот месец од бременоста на неговата мајка. Ова бебе сега има 2 килограма, и тоа силно и храбро ги помина сите премрежја заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на Клиниката за гинекологија .
Тримесечното бебе во историјата на предвремно родените бебиња ќе биде запишано како првото преживеано новороденче, дојдено на свет во 23 недела, раскажа педијатар Лилјана Којиќ .
Од почетокот на оваа недела момчето не е повеќе во инкубатор, дише самостојно, редовно се храни, а веќе е научен на прегратки. На клиниката е 100 дена. Името ќе го добие дома, а тука го нарекуваат „миленикот”.
Миленикот на скопска гинекологија за неколку дена ќе ја напушти болницата. За тимот на оваа клиника најголема среќа е да дојде нивниот миленик да ги посети, но како гостин.