Политичарите во БиХ дале 1600 ветувања, ќе исполнат околу пет отсто

олитичките партии во БиХ кои се на власт од 2010 година, на своите избирачи им ветија 1600 различни мерки, но извесно е дека до крајот на мандатот кој им истекува со годинешните октомвриски избори, во најдобар случај ќе спроведат едвај една четвртина.

Според анализата која ја спроведе невладиното здружение „Зошто не“ со седиште во Сараево, во рамките на проектот Вистинометар, во овој момент изгледа дека 72,1 отсто од даденото ветување нема да биде исполнето.

Наброени се дури 1569 разлилни најави и ветувања на партиите кои учевствуваат во работата на Советот на министрите и владата на Федерацијата на БиХ и Република Српска.

Ова здружение наведува дека е реално да се очекува дека до октомври ќе бидат спроведени 5,2 отсто од вкупниот број на ветувања, а некакви изгледи за исполнување на дополнителни 22,7 отсто од ветените мерки нема.

Тие се осврнаа на првите три месеци од 2014 година кога, како што тврдат не е исполнето ниту едно ветување кое властите го дале, а истакнуваат дека по масовните протести во февруари започнале да спроведуваат некои од одамна најавуваните мерки, но ниту една од нив за сега не е исполнета во целина.