Пропадна и вториот брак на Борис Бекер

Пензионираниот германски тенисер и поранешен број 1 на АТП листата, Борис Бекер (50), доживеа уште еден брачен бродолом, пренесува магазинот „Пипл“.

Имено, неговиот адвокат, Кристијан Оливер Мозер, на германските медиуми им потврдил дека Бекер и Холанѓанката Шарлели Лили Бекер Керсенберг (41) одлучиле да започнат секој по свој пат.

Пар се заљубил пред 13 години, а во деветгодишниот брак го добија синот Амадеус (8).

Одлуката за разводот не беше лесна, особено поради Амадеус, но беше донесена обострано и во пријателски околности, изјави Бекеровиот адвокат.

Тенисерот од 1993 до 2001 година беше во брак со дизајнерката Барбаром Фелт, со која има синови Ноу (24) и Елајза Балтасар (18). Бекер со руската манекенка, Ангела Ермаков има и вонбрачна ќерка Анна (18).

Бекер минатата година банкротираше и се наоѓа во незавидна состојба, а во исто време престана да му биде тренер на некогашниот светски тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ.