Полицијата заплени десет мотори со штелувани ауспуси

Сообраќајната полиција продолжи со засилена контрола врз возачите на мотори во Скопје, па во вчерашната акција беа запленети десет мотори кои биле со специјални ауспуси, информираше МВР.

Во периодот од 19 до 24 часот од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје и Одделението за сообраќајно-ескортно обезбедување, беше спроведена акциска контрола на подрачјето на главниот град со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки. Од страна на полициски службеници привремно се задржани 10 моторцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила и истите во текот на денешниот ден ќе бидат упатени на вонреден технички преглед, велат од МВР.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, превземени се вкупно 46 мерки за сторени сообраќајни прекршоци,