Откриени шест мигранти кај Речица

Полицијата открила шестмина мигранти, но шверцерот им избегал, денеска во Кумановско, информираше МВР.

Полициска патрола околу 1 часот на регионалниот пат село Речица- село Ваксинце се обиделе да сопрат автомобил „опел синдра“. Но возачот не застанал, туку продолжил да вози кон Речица.

Полицајците тргнале по него, но го пронашле возилото оставено покрај патот на влезот во селото. Возачот избегал во непознат правец, а „опелот“ се пронајдени пет мигранти од Пакистан и еден Индиец. Сите се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.