Тотенхем чека да или не од Луи ван Гал

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем откри дека клупските челници веќе оствариле контакт со актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, кој во следните неколку дена ќе даде одговор на прашањето дали сака да биде менаџер на популарните “петли” во новата клупска сезона.

“Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви веќе оствари контакт со агентот на Ван Гал. Мислам дека има и официјална понуда за трофејниот холандски стручњак. Актуелниот менаџер на “петлите”, Тим Шервуд веќе ги информираше клупските челници дека нема да биде помошник на Ван Гал. Мислам дека во следните неколку дена ќе имаме и одговор од Ван Гал, ќе видиме дали ја прифаќа понудата да биде менаџер на Тотенхем”, изјави анонимниот извор.