Крај на љубовта после 13 години, се разведува Борис Бекер

Некогашната тенисерска ѕвезда, 50 годишниот германски тенисер Борис Бекер се разведува од својата долгогодишна сопруга Лили, пренесуваат германските медиуми. Тие соопштија дека после 13 години врска, а 9 години брак се разделуваат.

Поранешниот тенисер и манекенката имаат еден син Амадеус за кој треба да се борат за старателство.

Не беше лесно да се донесе оваа одлука. Најважната работа за двајцата клиенти е нивното заедничко дете, откри адвокатот на тенисерот кој го води овој случај.

Бекер со холандската манекенка се запозна во 2005 година во Мајами, а во брачните води влегле четири години подоцна. Синот Амадеус го добиле во 2010 година.

Борис има уште две деца, синовите Ноа и Елајас од претходниот брак со 51 годишната Барбара Бекер. Исто така, поранешната тенисерска ѕвезда ја има 18 годишната ќерка Ана од врската со руската манекенка Анџела Емарков.

Според пишувањата на локалните медиуми, поранешнит тренер банкротирал, но наводно се извлекол од тоа. Некогашниот спортист живее во Лондон, а според британските закони, приватниот банкрот може да трае до една година.