
Бес и фрустрации испливаа на годишниот состанок на акционерите на Фејсбук. Состанокот се претвори во шанса за соочување меѓу инвеститорите и директорите на компанијата зад кои стои година преполна со скандали, пренесе Ен Би Си Њуз.
Американската телевизија наведува дека вчерашниот состанок личел на побуна додека инвеститорите го испрашувале извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг за начинот на кој ја води компанијата и скандалот со Кембриџ Аналитика.
Угледајте се на Џорџ Вашингтон, а не на Владимир Путин, му порача еден од инвеститорите на Закерберг, алудирајќи на одлуката на Вашингтон да замине од функцијата претседател на САД.