Француската полиција уапсила 21 лице во рација ширум јужна Франција поради трговија со коњско месо, кое што било третирано со антибиотици и не било погодно за употреба кај луѓето.
Повеќе од сто полицајци, припадници на Националната жандрмерија, биле распоредени во 11 региони.
Коњското месо кое што било користено во истражувања на француската фармацевтска компанија „Санофи- Пастер“ исто така било користено во тој сиџир на трговија, а улогата на фармацевтскиот гигант засега не е јасна.
Францускиот министер за трговија, Бено Хамон, рекол дека главното прашање е безбедност на храната, а не просторот на грабежот.
„Наместо тие коњи да завршат кај трговците со стари коњи, тие завршиле во кланиците“, рекол министерот Хамон.