
ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира еден протест против погубните политики кои ги практикува оваа власт, како на економски така и на меѓународен план. Нема аспект во општественото живеење каде што оваа влада може да се пофали со некој одреден резултат, истакна координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев за МРТ пред протестот.
-Ние само веруваме на анкетата на граѓаните и на изборите и ако СДСМ верува во анкетите кои скоро беа објавени нека повелат на избори. Граѓаните најдобро ќе оценат и проценат на кој треба да го дадат својот глас, рече Данев и додаде:
„На Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори апро по политиките кои ги води оваа власт годинава. Нивните политики немаат апсолутно никаков резултат.