Време е да им се стави крај на санкциите кон Русија

Австрискиот вицепканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе оценува дека е време да се стави крај на санкциите кон Русија.

Би било пожелно ЕУ да го смени ставот кон Русија, бидејќи санкциите пред се нанесуваат штета на австриската економија, нагласи Штрахе во изјава за виенскиот дневник „Естерајх“.

Тој потсети дека секогаш предупредува дека санкциите, Русија ја носат во прегратка на Кина.

Крајно време е санкциите да завршат и политичките и економските односи со Москва да се нормализираат, порача Штрахе.