
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел се наоѓа под се поголем притисок поради корупција во Агенцијата за миграции (БАМФ), која беше задолжена за обработка на барањата на повеќе од милион азиланти, добиени од 2015 година.
Скандалот се случи по обвинението дека вработен во канцеларијата на БАМФ во Бремен наводно одобрил азил за 1.200 мигранти во замена за пари или некаков вид на подароци.
Обвинителите почнале истрага за „организирана злоупотреба на постапката за азил“ како и поради „корупција или мито“.
Поранешниот шеф на БАМФ, Франк-Јирген Вејзе ја обвини Меркел дека била запознаена со пошироките проблеми на Агенцијата од минатата година, но дека со тоа не се занимавала.
“Неуспехот лежи во нереагирањето на владата кога станаа појасни предизвици со кои Германија се соочи со доаѓањето на бегалците. Кризата можеше да биде спречена, изјави Вејзе изјави неделниот „Шпигл“.
Тој вели дека лично во два наврати и укажал на Меркел на нерегуларности во 2017 година, но дека не е покрената конкретна постапка.
Вејзе беше на чело на БАМФ од крајот на 2015 година до крајот на 2016 година, а во 2017 година објави извештај за својот мандат во агенцијата.