
Најмалку 35 мигранти настрадаа денеска откако се преврте брод во близина на јужниот брег на Тунис, соопшти туниското министерството за одбрана и додаде дека крајбрежната стража успеала да спаси 67 лица.
Спасувачката операција е во тек, а меѓу мигрантите, , имало и од други земји.
Официјални лица велат дека на бродот ималу околу 180 мигранти, меѓу кои, освен државјани на Тунис имало и 80 од други африкански земји.
Невработените Тунижани и државјаните на другите африкански земји често се обидуваат со импровизирани бродови да стигнат до Сицилија.
Криумчарите на мигранти се повеќе го користат Тунис како „лансирна рампа“ за мигранти кои преминуваат кон Европа, додека од другата страна, Крајбрежната стража на Либија со помош на вооружените сила ја јакне контролата врз криумчарењето.