
Џони Деп (54) периодов има турнеја низ светот со неговиот бенд „Hollywood Vampires“, а последен во низата градови што ги посети му беше Берлин.
Американската ѕвезда делеше автограми и се фотографираше со фановите во германската престолнина, но неговиот изглед ги загрижи сите.
Актерот е преслаб и изгледа бледо и истоштено.
Неодамна во медиумите протекоа и фотографии на кои Џони позира со фанови и исто така изгледа непрепознатливо. Еден од низата коментари на социјалните мрежи на загрижените фанови беше: „Џони Деп е преслаб, мислам дека мојот херој е болен.“
Дали станува збор за некоја болест, лош начин на живот или за улога во некој нов филм, останува мистерија.