Не ги прифаќаме заканите во врска со набавката на С-400 од Русија

Турција нема да ги прифати заканите во врска со нејзината набавка на одбранбени системи, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Вашингтон, алудирајќи на планот на Анкара да го купи ракетниот систем  С-400 од Русија.

Чавушоглу, кој денеска се сретна со американскиот колега Мајк Помпео, истакна дека нема да има задоцнување или откажување на купувањето на авионот Ф-35 од САД.

Чавушоглу додаде дека со Помпео разговарале и за американските тарифи за челик и алуминиум, како и за утврдување на „мапата на патот“ за обезбедување на сирискиот град Манбиџ, пренесува Ројтерс.

Двајцата дипломати разговарале за иднината на соработката во Сирија и чекорите што треба да се преземат за да се обезбеди стабилност и безбедност во Манџиџ, се наведува во заедничкото соопштение, пренесува Ројтерс.

Двајцата министри се согласија да одржат понатамошни средби за решавање на моменталните билатерални прашања, изјавувајќи дека НАТО остануваат посветени на решавање на заедничките причини за загриженоста “во духот на алжирското партнерство”.