
Животот на жена со рак на дојка во подмината фаза бил спасен со нова, уште експериментална терапија, објавија американските научници. Поточно речено, нејзиниот живот го спасиле 90 милијарди противтела вбризгани во нејзиното тело, а кои ги убиваат клетките на ракот.
На Џуди Перкинс (49) од Флорида лекарите и дале уште три месеци живот, но две години подоцна таа нема никакви знаци на карциноми во телото. Тим експерти од Националниот институт за истражување на канцер велат дека терапијата е се уште експериментална, но оти може да се прилагоди на лечењето на секој вид на рак, пишува ББЦ.
На Џуди и е дијагностициран рак на дојка во напредна форма кој не можел да се лечи со конвенционална терапија. Освен примарен карцином на дојка, пронајдени биле тумори со големина на тениска топка во панкреасот и метастази низ целото тело.
Околу една недела по почетокот на терапијата, почнав да чувствувам нешто, како да ми се намалува туморот во градите. Неколку недели подоцна туморот целосно исчезна, изјави таа за Би-Би-Си. Таа се присеќа на првиот ренгден по терапијата кога вработените во болницата “беа многу возбудени и скокаа наоколу”. Тогаш и рекле дека постои голема можност да се излечи со новата терапија.
Во моментов ужива во животот, патувајќи пниз САД, планинари, вози кајак…
Објаснувајќи ја технологијата што ја користеле, научниците објаснија дека станува збор за клетки од самиот пациент од кој се изготвува „жив лек“.
Зборуваме за најперсонализирана терапија што постои, изјави шефот на хирургија од Националниот институт за истражување рак, д-р Стивен Розенберг.
Терапијата е се уште експериментална и потребни се уште многу истражувања и тестови за да се вклучи во поширока примена. Но функционира така што го запознава непријателот. Лекарите и научниците генетски го анализираат туморот на пациентот за да ги откријат ретките промени кои го прават ракот видлив за имунолошкиот систем. Во овој конкретен случај, од 62 генетски абнормалности, само четири биле потенцијално подложни на напади.
Меѓутоа, имунолошкиот систем на пациентот веќе се бори со туморот и ја губи битката, а загуби трпат белите крвни клетки во однос на ракот. Затоа лимфоцитите се отстрануваат од примерокот на крв на пациентот, во лабораторија се изложуваат на дополнителна супстанција која ги претвора во клетки убијци и се враќаат во организмот на пациентите.
Око 90 милијарди такви станици повторно биле вбризгани во телото на пациентката, заедно со уште неколку средства за зајакнување на имунолошкиот систем. Истите мутации кои предизвикуваат рак, всушност се негова Ахилова пета, вели д-р. Розенберг.
Ова е приказна на само еден пациент и има потреба од бројни и поопширни истражувања за да се потврди откритието.
Најголемиот предизвик во лекувањето на терапијата со имунотерапија е фактот дека кај некои пациенти функционира речиси чудесно, но на повеќето пациенти не им носи никаква корист.
Сè уште е многу експериментално и допрва учиме како се тоа да го работиме, но постои можност да се примени на секој вид на рак. Пред нас е уште многу работа, но терапијата има потенцијал- единствен лек за секој пациент, вели д-р Розенберг.