
Клубот за триатлон „Триоџи Рејсинг“ од Скопје бележи големи успеси на домашните и на регионалните натпревари, иако постои само година ипол. Со два златни и пет сребрени медали се вратија членовите на „Триоџи“ од Белградскиот триатлонски куп, што по 24.пат се одржа на Ада Циганлија.
Во силна конкуренција, македонските кадетски/младински репрезентативци и членови на „Триоџи Рејсинг“ ги освоија следните награди:
Елена Зисовска – 2 место (сениорки)
Иво Јован Димовски – 1 место (кадети)
Бојан Кралевски – 2 место (кадети)
Бојана Ѓорѓијеска – 2 место (јуниорки, за прв пат на супер спринт дистанца 750+20+5км)
Марио Брезовски – 1 место (млади надежи)
Бобан Јаневски – 2 место (млади надежи)
Јана Ѓорѓијевска – 2 место (млади надежи)
На натпреварот во Белград му претходеа подготовки за Крос триатлонот во Крагујевац, Србија, што се одржа на 21 мај, каде исто така беше освоен подиумот повеќе пати, а Антонија Брезовска освои 1 место во мастерсот за жени.
Бојан Кралевски – 3 место (кадет)
Здравчо Здравев – 3 место (надежи)
Марио Брезовски – сребрен медал(млади надежи)
Јана Ѓорѓијевска – 1 место (млади надежи)
Јована Каленикова – 2 место (млади надежи)
Иако постои само година ипол, клубот за триатлон „Триоџи Рејсинг“ бележи големи успеси на домашните и на регионалните натпревари. На тој начин ја развива свеста за спортот кој е во подем во Европа.