
Тешка сообраќајка се случила кај Смиљковско езеро во која учествувало патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски таблички. Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобиле возачот и совозачот, а три други сопатници се здобиле со полесни повреди.
Вчера околу 12 часот возилото излетало надвор од коловозот и удрило во металните браници од автопатот.