Авганистанската влада им понуди на талибаните привремено примирје

Авганистанската влада објави во четвртокот дека привремено ќе ги прекине операциите против талибаните, почнувајќи од следната седмица.

Авганистанските безбедносни сили ќе ги запрат сите „офанзивни маневрирања“ против милитантите во периодот од 12-ти до 20-ти јуни, напиша на Twitter претседателот Ашраф Гани.

Примирјето, коешто се совпаѓа со крајот на светиот месец рамазан и почетокот на Рамазанскиот бајрам, ќе се однесува само талибанските борци. Безбедносните сили ќе ги продолжат операциите против Исламската држава, додаде Гани.

Претседателот појасни дека на тој потег се решил по одлуката на исламските клерици во понеделникот дека самоубиствените бомбашки напади се спротивни на исламот и дека со продолжувањето на насилствата и војната во Авганистан се криши исламскиот закон.

По оваа фетва на клериците, бомбаш самоубиец на џихадистичката Исламска држава се разнесе пред зградата се одржа состанокот на клериците, убивајќи најмалку осум лица.