
Третата светска војна би била крај за цивилизацијата, рекол рускиот претседател Владимир Путин на годишната телевизиска „директна линија“ со граѓаните. Според неговите зборови, тоа мора да го сфатат сите и тоа е тоа што би требало да ги натера да престанат со судирите.
“Третата светска војна би значела крај за цивилизацијата и затоа мора да ги сопреме конфликтите”, рекол Путин.
Како што објаснил, стравот од взаемна деструкција, како и стратешкото парирање, ги натерале светските сили да се почитуваат меѓусебно од крајот на Втората светска војна.
Путин потоа ги повикал светските сили да се повлечат од глобалните судири и рекол дека треба сите да седнат зад преговарачката маса и заедно да најдат решение кое ќе ја гарантира европската безбедност.
Не знам со што ќе се води Третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и камења, рекол Путин, цитирајќи го научникот Алберт Ајнштајн.
“Американското повлекување од антибалистичкиот договор е обид да се скрши стратешкиот паритет, но ние имаме одговор на тоа: модерните системи на нашето оружје кои се веќе распоредени – тие ќе го одржат тој паритет”, рекол Путин.