Стапката на самоубиства во САД скокнала за 30 отсто од 1999-та

Стапката на самоубиствата во САД пораснала за 30 отсто во периодот од 1999 до 2016 година во којашто рака на себе кренале речиси 45.000 луѓе, се наведува во извештајот на американски служби во јавното здравство објавен во четвртокот.

Самоубиството е „сѐ поголем јавноздравствен проблем“ којшто е во пораст во 44 од 50 американски сојузни држави во периодот кој го следел Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC).

Самоубиството во 2016 година била десеттата причина за смртност во САД и најчесто било последица од низа фактор, а повеќе од половината од жртвите во самоубиствата, или 54 отсто, не боледувале од психички болести, додаваат американските здравствени стручњаци.

Меѓу факторите коишто наведуваат на самоубиство се вбројуваат „проблемите во меѓучовечките односи, губењето на блиска личност, злоупотребувањето, здравствените проблем,и, невработеноста, беспарицата, судски и станбени проблеми“, се истакнува во извештајот.

Значително мнозинство од оние коишто си го одземаат животот се мажи, или 76,8 отсто, и белци – 83,6 отсто. Меѓутоа, студијата не наведува во кои професии има најмногу самоубиства.

Речиси од половината од самоубиствата, или 48,5 отсто, се извршуваат со огнострелно оружје.

Поради ваквите податоци, следел Центарот за контрола и превенција на болестите на САД ги повикува сојузните држави да започнат со спроведување политики на превенција на самоубиствата и да „одговорат на факторите коишто придонесуваат за самоубиствата“.